Канада неистражен потенцијал за македонските компании

Bez autora
Mar 10 2015

Унапредувањето на трговската размена, економската соработка и инвестициите од Канада во Македонија и обратно, како и доближување на Канада кон македонските компании е целта на дводневниот настан „Канадски денови“, што се одржува во Скопје во организација на „Македонија 2025“, со поддршка на Канадската амбасада за Србија, Македонија и Црна Гора. „Македонија 2025“ смета дека во Канада има многубројна дијаспора, но економската и образовната соработка меѓу двете земји е на релативно ниско ниво. Затоа, велат дека годинава ќе работат да го промовираат економскиот потенцијал на Канада и нејзиниот голем и неискористен пазар, бидејќи од досегашната соработка е утврдено дека има големи можности за извоз и продлабочување на соработката, кои засега се неискористени. „Канадската бизнис заедница цени дека Македонија е привлечно место за инвестирање.

Канада неистражен потенцијал за македонските компанииУнапредувањето на трговската размена, економската соработка и инвестициите од Канада во Македонија и обратно, како и доближување на Канада кон македонските компании е целта на дводневниот настан „Канадски денови“, што се одржува во Скопје во организација на „Македонија 2025“, со поддршка на Канадската амбасада за Србија, Македонија и Црна Гора.

„Македонија 2025“ смета дека во Канада има многубројна дијаспора, но економската и образовната соработка меѓу двете земји е на релативно ниско ниво. Затоа, велат дека годинава ќе работат да го промовираат економскиот потенцијал на Канада и нејзиниот голем и неискористен пазар, бидејќи од досегашната соработка е утврдено дека има големи можности за извоз и продлабочување на соработката, кои засега се неискористени. „Канадската бизнис заедница цени дека Македонија е привлечно место за инвестирање. Канадските денови во Скопје нудат прекрасна можност за да ги истражиме можностите за проширување на соработката помеѓу нашите земји, но исто така и да научиме за македонските и канадските регулаторни решенија во поглед на трговската размена, искуствата во работењето и образовните програми“, истакна амбасадорот на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора, Филип Пинингтон.

Министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, посочи дека како поранешен член на одборот на директори на „Македонија 2025“ истакна дека ќе направат се' за да привлечат што е можно повеќе квалитетни компании од Канада кои сакаат да се шират во Македонија и Европа. Трговската размена меѓу Македонија и Канада лани изнесувала 20,52 милиони канадски долари, од кои 14,72 милиони се извоз на македонски производи, а 5,8 милиони се увоз.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik